Гвардиола: Нема да стојам на патот помеѓу Бернардо Силва и Барселона

Барселона до крајот на преодниот рок може да осигура потпис на уште фудбалер. Станува збор за Бернардо Силва кој веќе подолго време е желба на каталонскиот тим, а се чини дека за трансферот вреден 95 милиони евра ќе одлучува самиот тој.

Имено, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола говорејќи за потенцијалниот трансфер изјави дека не сака во тимот да има незадоволни играчи, па колку и да Бернардо Силва да е значаен за тимот нема да застане на неговиот пат.

„Тој е наш играч и сакаме да остане тука бидејќи е важен за тимот. Но, кога го велам ова ќе кажам и дека не сакам никој тука да биде несреќен. Не сакам да замине, тој е фантастичен фудбалер и фантастична личност. Еден од најдобрите со кои работев. Доколку стигне понуда и доколку Бернардо замине ќе имаме само неколку дена за реагираме на маркетот. А, тоа не е лесно. Но, Бернардо навистина ја сака Барселона“, изјави Гвадиола.

Се вчитува...