Со цел да се сочува теренот на Националната Арена „Тодор Проески“ за престојниот натпревар на македонската репрезентација со Бугарија, Работнички следниот меч против Тиквеш ќе го игра на тренинг комплексот „Петар Милошевски“.
Натпреварот меѓу овие два тима почнува во недела во 16 часот.
Дуелот меѓу Македонија и Бугарија се игра на 26. септември. Тоа ќе биде последно коло од Лигата на Нации. Вчера ФФМ ги објави цените на билетите кои ќе чинат од 250 до 350 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

