Трагичарот на Црвена Звезда од баражот за влез во ЛШ, Милан Павков, си заминува од клубот само неколку дена по автоголот што ги остави „црвено-белите“ без пласман во групната фаза од елитното европско натпреварување.
Тој се сели во Саудиска Арабија, каде ќе го носи дресот на Ал Фајхи, клуб за кој настапува и поранешниот голман на Партизан, Владимир Стојковиќ. Трансферот на Павков беше договорен уште пред десетина дена, тој остана меѓу „црвено-белите“ за да му помогне на клубот да обезбеди влез во ЛШ, но на крајот за жал се покажа како трагичар против Макаби Хаифа.
Павков пристигна во Црвена Звезда од редовите на Раднички Ниш во трансфер вреден 300.000 евра, во 2017 година. Пет години подоцна, зад неговото име останаа запишани 152 натпревари и 59 погодоци, по што високиот голгетер си заминување од редовите на српскиот шампион за отштета од еден милион евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

