Невиден „гаф“: Зрински елиминиран, ФФ на БИХ им честиташе пласман во групите

Фудбалерите на Зрински, испаднаа синоќа во плеј-офот во Лигата на конференции откако загубија на пенали од Слован Братислава. Иако тимот од БИХ имаше водство до финишот во продолженијата во севкупниот резултат, сепак, на крајот Слован со погодок во последната минута се избори за пенали.

Таму во седмата серија фудбалерите на Зрински не реализираа, а Слован успеа да погоди и да се пласира во групите.

Фудбалската федерација на БИХ направи невиден гаф откако по натпреварот им честиташе на Зрински за пласманот во групите, кој не го обезбедија.

„Историски резултат за клупскиот фудбал. Зрински оствари пласман во групната фаза во УЕФА Конференциската лига. Браво Зрински“, напишаа од федерацијата.

Откако ја сфатија грешката, постот беше корегиран.

Се вчитува...