Челси не се откажува од Фофана, Лестер му најде замена

Челси е блиску да го потпише стоперот на Лестер, Весли Фофана. Според информациите од Англија, лондонските „сини“ готват нова понуда, откако првата беше одбиена. Сега подготвуваат понуда од 75 милиони фунти, што веројатно ќе биде доволна Лестер да ја прифати понудата.

Самиот играч сака да оди во Челси, а тимот не го вклучи играчот за настап на последниот меч од Лига Купот.

Во случај 21-годишниот француски фудбалер да потпише со Челси, тогаш Лестер има подготовена замена. Станува збор за стоперот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи. Аканџи сезонава не добива шанса за настап, откако Дортмунд ги ангажираше Шлотербек и Зиле, а тука е и Хумелс. Лестер за него подготвува понуда од 23 милиони евра.

Се вчитува...