ПСЖ и Сити не се главни фаворити за освојување на ЛШ, Јуве и Милан со минимални шанси

Аналитичката страница FiveThirtyEight, направи проекција за шансите за освојување на Лигата на шампионите, после вчерашната ждрепка. Резултатите се интересни, а ПСЖ и Сити ги нема на местото број 1 за освојување на пехарот, иако за многумина битката ќе се води токму меѓу овие два тима.

Процена на веројатноста се пресметува врз основа на посебна формула преку која се оценуваат нападите и одбраната на екипите. На првото место со најголеми шанси за освојување на пехарот е Баерн Минхен. Германскиот шампион има дури 21% да го освои пехарот, и покрај тоа што се најде во тешка група заедно со Интер и со Барселона.

Втор фаворит е Манчестер Сити со 18% шанси, додека трет е ПСЖ со 14%. На четвртото место е Ливерпул, кој што има слаб старт во Премиерлигата, додека на петтото место е актуелниот првак Реал Мадрид.

Шансите на Барселона, Челси и Ајакс се сведуваат на мизерни 2%, додека Милан и Јувентус имаат мали шанси, односно идентични како оние на Динамо Загреб.

Се вчитува...