Ново засилување за иднината: Челси откупува руски талент од Динамо Москва (ВИДЕО)

Челси продолжува со засилувањата за иднина. По ангажманот на Габриел Слонина, Карни Чуквуемека и Цезаре Касадеи на прагот на „Стемфорд Бриџ“ се наоѓа и големиот талент на рускиот фудбал Арсен Захарјан.

Фудбалерот на Динамо Москва важи за еден од најперспективните од неговата генерација, а за ангажман Челси ќе ја активира откупната клаузула која изнесува 15 милиони евра, потврди неговиот агент. Преговорите веќе се во завршна фаза и само формалности го делат од потпис со англискиот великан.

Деветнаесетгодишниот Захарјан ја покрива левата крилна позиција, но може да се снајде и во центарот на теренот. Претходната сезона на 34 одиграни средби во руското првенство забележа девет гола и девет асистенции.

Се вчитува...