Еурофарм Пелистер 2 утре ќе го има првиот европски натпревар. Во Европската лига на ЕХФ, битолчани го чекаат двомеч со австрискиот тим Алпла Хард.
Тренерот на екипата Александар Јовиќ има максимален респект за екипата. Тој вели дека вицепрвакот на австрија ќе биде добар тест пред почетокот на првенството.
„Алпла Хард е добра и искусна екипа. Станува збор за вицешампион на Австрија. Во овој подготвителен период добивме материјали и направиме анализа, и мислам дека сме подготвени за овој предизвик. Имавме добри подготовки, одигравче четири пријателски средби и јас сум задоволен од тие мечеви. Сметам дека ќе бидеме подготвени прво за овие два меча во Европа, а потоа и за првенството“, рече Јовиќ.
Првиот меч се игра утре во Австрија, додека седум дена подоцна во Битола се игра реваншот. Двата дуели стартуваат во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА