Ждрепката во Лигата на шампионите ги „спои“ Барселона и Баерн Минхен. Тоа значи дека новиот голгетер на Барселона, Роберт Левандовски ќе има емотивно враќање во Минхен, во тимот во кој ги урна сите голгетерски рекорди.
Ова лето Полјакот се реши да си оди од Баерн, откако дозна дека клубот зад грб преговара со нов голгетер (во ситуацијата Халанд), па така Левандовски стана дел од Барселона.
За враќањето во Минхен, коментираше и тренерот Јулијан Нагелсман.
„Мислам дека ќе има аплаузи за него. Никогаш не е добро кога некому му свират. Не ја знам целата вистина, а навивачите уште помалку знаат. Секогаш постои и друга страна на медалот, а работите непотребно се зголемуваат и погрешно се толкуваат. Ова е фудбал“, одговори Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

