Крилниот напаѓач на Ајакс, Антони очајнички сака да направи трансфер во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа холандскиот првак нема намера да го стори тоа, па одбил понуда од дури 90 милиони евра за неговите услуги.
Тоа уште повеќе го исфрустрирало Бразилецот, кој го моли раководството на Ајакс да го пушти да оди во Англија, во Премиерлигата.
22-годишниот играч стигна во Ајакс од бразилскиот тим Сао Паоло во 2020 година за 15 милиони евра. Од тогаш одигра 82 меча, и постигна 24 гола, а имаше и 22 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

