Поранешниот тенисер и сега експерт за „Еуроспорт“, Матс Виландер говореше околу трката за најдобар тенисер на сите времиња меѓу Федерер, Надал и Ѓоковиќ.
Според него таа веќе нема смисла бидејќи на Новак Ѓоковиќ не му е дозволено да настапи на УС опен. Тој смета дека во иднина ќе се говори само како тројцата најдобри тенисери играле во исто време, а не за тоа кој е најдобриот на сите времиња.
„Со се што се случува со Новак Ѓоковиќ сагата за тоа кој е најдобар меѓу него Рафа и Роџер веќе нема смисла и станува ирелевантна. Пред се поради тоа што на Новак не му е дозволено да игра. Мислам дека ќе зборуваме само за тоа дека тројцата најдобри тенисери играле во исто време, се друго веќе не е важно“, изјави Виландер.
Рафа Надал има шанси да стигне до својата 23. гранд-слем титула и повторно да побегне на две повеќе од Ѓоковиќ (21), додека Федерер останува на бројката од 20 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

