Кардиф ќе мора да му плати шест милиони евра на Нант за Сала

Фудбалскиот клуб Кардиф ќе мора да му плати на Нант шест милиони долари откако Судот за спортска арбитража во Лозана пресуди во корист на францускиот клуб во повеќегодишниот спор по смртта во авионска несреќа на Емилијано Сала.

ЦАС ја одби жалбата на Кардиф, со која се жалеше на одлуката на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да му ја плати на Нант првата рата од шесте милиони долари.

Судот наведе дека рочиштето за предметот одржано во март се однесува само на првата рата од долгот. Сала загина на 21. јануари 2019 година кога приватниот авион му се урна во Ламанш откако патуваше од Кардиф за Нант за да потпише договор со премиер-лигашот.

Се вчитува...