Манчестер јунајтед денеска од 13.30 ќе му гостува на Саутемптон во премиерниот натпревар од 4. коло во англиската Премиер-лига. По воведните две кола и изненадувачките порази од Брајтон и Брентфорд, „црвените-ѓаволи“ конечно победија минатата рунда и тоа во големото дерби против Ливерпул.
Токму на тој натпревар за првпат сезонава во тимот не беше капитенот Хари Мегваер, а менаџерот на тимот од „Олд трафорд“ вели дека не значи дека ако си капитен, дека мора да играш на секој меч.
„Добро е што во тимот има конкуренција, таа секогаш е потребна. Мораме да покриеме многу натпревари и тоа можеме да го направиме во неколку варијации. Мегваер? Ако си капитен, не значи дека треба секогаш да играш, особено кога е Варан во тимот“, изјави Тен Хаг.
Хари Мегваер повторно и на овој меч нема да биде во стартната постава на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

