Бруно за минималец на Јунајтед против Саутемптон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед стигна и до втората победа сезонава во Премиер-лигата откако денеска славеше на гостувањето кај Саутемптон со минимални 0-1 во премиерниот меч од 4. коло.

Првото полувреме заврши без голови 0-0, а најголемата шанса ја имаа гостите кои во пет секунди успеаја дури четири пати да промашат и со тоа да не стигнат до водство. Во второто полувреме предност за гостите од 0-1 донесе Бруно Фернандеш во 55. минута по одличната асистенција на Диого Далот.

До крајот „црвените-ѓаволи“ успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до втор триумф во низа во англиската елита. Своето деби во дресот на јунајтед го имаше и Касемиро кој влезе во игра во 80. минута од натпреварот.

Southampton 0 – [1] Manchester United – Bruno Fernandes 55'
by insoccer

Се вчитува...