Манчестер јунајтед славеше со 0-1 на гостувањето кај Саутемптон во натпревар од 4. коло во англиската Премиер-лига. Португалецот повторно не се најде во стартниот состав на „црвените-ѓаволи“, а доби шанса дури во второто полувреме.
Иако не е стандарден годинава на „Олд трафорд“ и големи се шпекулациите дека тој ќе ја промени средина, Роналдо сепак добро се забавува. На полувреме додека се загреваше на теренот беше и Рио Фердинанд кој работ како стручен консултант за една од моќните ТВ куќи.
Кристијано го испрска својот поранешен соиграч, кој подоцна мораше емисијата да ја заврши во водена облека.
Ronaldo doesn’t care about @rioferdy5‘s suede shoes 🤣 pic.twitter.com/j6kf9zKMfo
— Football on BT Sport (@btsportfootball) August 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

