Унион Берлин продолжува со неверојатниот старт на новата сезона во германската Бундеслига. Тимот од главниот град на Германија стигна до својата трета победа откако славеше со убедливи 1-6 на гостувањето кај Шалке 04.
Стрелци на головите за Унион беа Торсби, Бекер и Микел на два пати и Хаберер, додека единствениот погодок за домаќините го постигна Бултер од пенал. До својот прв триумф сезонава стигна Баер Леверкузен кој славеше на гостувањето кај Мајнц со 0-3, а до победа стигна и Борусија Дортмунд на гостувањето кај Херта со 0-1.
Schalke 04 1-[4] Union Berlin – Sheraldo Becker 46'
byu/pedrofski12 insoccer
БУНДЕСЛИГА 4. КОЛО:
Шалке 04 – Унион Берлин 1-6
Хофенхајм – Аугзбург 1-0
Мајнц – Баер Л. 0-3
Лајцпиг – Волфзбург 2-0
Херта – Борусија Д. 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

