Силекс и Академија Пандев одиграа нерешено 1-1 во Кратово во премиерниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Кратовци до водство од 1-0 стигнаа во 37. минута со голот на Обадовиќ. Јанкулов одлично проби од десната страна и биеше кон голот на гостите, а по интервенцијата на голманот на струмичани Јовановски најдобро се снајде Обадовиќ кој го постигна третиот првенствен погодок сезонава. Гостите по шест минути успеаја да израмнат на 1-1 со феноменалниот гол на Велиновски.
Во второто полувреме мируваа мрежите па на крајот двата тима си поделија по еден бод.
ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 часот)
Силекс – Академија Пандев 1-1
УТРЕ (16 часот)
Скопје – Шкупи
Брегалница – Македонија ЃП
Работнички – Тиквеш
Шкендија – Струга ТЛ
Слободна: Победа
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

