Навивачите на Абердин со македонско знаме ги слават головите на Миовски: „Бојан е нешто посебно“ (ФОТО)

Македонскиот фудбалски интернационалец Бојан Миовски ја игра сезоната од соништата. Тој е најдобар фудбалер во шкотското првенство откако по пет одиграни кола има постигнато пет погодоци.

Денеска Миовски беше главен виновник за новата убедлива победа на неговиот тим откако постигна два гола во триумфот од 5-0 над Ливингстон. Навивачите на легендарниот шкотски клуб се воодушевени од нашиот репрезентативец, а неговите голови се слават со македонското знаме.

„Бојан е нешто посебно“, се само дел од коментарите на навивачите на овој клуб.

 

 

Се вчитува...