Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Александар Јончевски, направи една измена за натпреварот против Словачка кој следува во рамките на вториот круг од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.
На гостувањето во дански Нествед, Јончевски го немаше на располагање плејмејкерот Бобан Стајиќ кој имаше мала болка во пределот на адукторот. Сепак, таа за него е минато и кошаркарот на Пелистер се враќа во составот на Македонија.
Веќе искусниот бек во сениорската репрезентација доаѓа на местото на младиот Димитар Пандев кој беше како дебитант во А-тимот предводен од новиот селектор.
Мечот меѓу Македонија и Словачка се игра в недела од 19. часот во салата на СРЦ „Кале“, а влезот за сите вљубеници во кошаркарскиот спорт, и поддржувачи на нашиот најдобр тим е слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА