Претседателот на Шкупи: Ја претставуваме Македонија во Европа, а немаме никаква помош

Огун Ајдин, претседателот на Шкупи, се огласи со соопштение два дена по елиминацијата на чаирчани од Европа од косовски Балкани. Ајдин се обиде да објасни кои се најголемите проблеми во македонскиот фудбал, а според него главен проблем е тоа што клубовите немаат никакви приливи на пари.

Исто така ја спомена и инфраструктурата, барајќи од државата да го поддржи целокупниот фудбал.

„Ја завршивме авантурата во Европа. Да се биде сам на секое поле не треба да биде надеж за Шкупи. Но, веруваме дека дел од патот кој го одевме сами, беше успешен. Ама во големи општества, големите работи се остваруваат за уште поголеми причини. Развојот на домашниот фудбал е феномен кој може да се оствари само со соработка од државата, лидерите на клубовите од регионот, големината на општествата, навивачите и челниците во клубовите. Најпрост пример е ја претставуваме Македонија во Европа, а плаќаме рента за стадионот каде ги играме мечевите. И рентата расте од натпревар во натпревар.

Најголемиот проблем во Македонија е што клубовите немаат приливи на пари. Неприфатливо е клуб кој ја претставува земјата, да дава се од свој џеб. Како втор пример, сакаме да изградиме објект за тимот. Објект за тренинг, на кој младите ќе тренираат и ќе се развиваат. Тие се иднината на фудбалот. Не бараме помош за изградбата, туку бараме помош за земјиштето. Но, за жал, никој не ни помага. Секако дека не можеме да кажеме дека ова е пролемот зошто не влеговме во групите на Конференциската лига, тоа беше поради наши грешки.

Се надевам дека ќе се успееме да се пласираме таму во следните години. Ама, ако влеземе и во групи, немаме каде да тренираме. Немаме инфрастуктура. А, сакаме да го движиме фудбалот напред. И не сметам дека овој проблем е само на Шкупи, туку не сакаме тоа да биде нашата судбина. Бараме од луѓето во државата да го поддржат целиот фудбал, не само нас. Мора да веруваме во промени на подобро. На крај, сакам да им се заблагодарам на навивачите „Шверцерите“ затоа што тие во ниту еден момент не не оставија сами на ова патување“, изјави претседателот на ФК Шкупи.

Се вчитува...