Еден конкурент помалку за Елмас: Фабијан Руиз договорен со ПСЖ

Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз во следните денови ќе го стави потписот на договорот со ПСЖ, пишуваат италијанските медиуми. Шпанецот долго време е поврзуван со трансфер во Париз, а сега се очекува официјална промоција во понеделник или вторник.

Сумата која Наполи ќе ја добие за Шпанецот е 24 милиони евра, а играчот од средината на теренот ќе заработува 5 милиони евра годишно.

Тоа ќе биде и добра вест за Елиф Елмас, со оглед дека Руиз е конкуренција на македонскиот репрезентативец. Елмас беше поврзуван со трансфер во Лион, доколку Пакета се пресели во премиерлигашот Вест Хем. Претходно за поврзуваше и со трансфер во Евертон.

Се вчитува...