Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман го коментираше ремито 1:1 против Борусија Менхенгдлабах на домашен терен. Иако „Баварците“ имаа дури 34 удари кон голот на противникот, сепак, само една топка заврши во мрежата на гостите, благодарение на Јан Зомер кој имаше неверојатни 19 одбрани.
Нагелсман како виновник за ремито го посочи главниот судија Даниел Шлагер. Според него, бил ужасен и судел во корист на противникот.
„Имавме 35 удари кон голот, што не е лошо. Изнервиран сум затоа што одигравме добро и судијата, за жал, ги реши сите спорни моменти во корист на Менхенгладбах. Единственото нешто за што можам да го обвинам мојот тим е што не ги искористивме нашите шанси. Судијата беше ужас. Имаше дваесетина прекршоци кои можеа да бидат досудени, а во овој случај сите беа во корист на Менхенгладбах. Сега после оваа изјава ќе ме казнат. И покрај резултатот, мислам дека тоа беше најдобар натпревар за нас сезонава“, рече Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

