Кошаркарот на Бостон Селтикс, Данило Галинари доживеа повреда на коленото на квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2023 против Грузија.
Италија го доби овој натпревар со 91-84, но Галинари мораше да го напушти теренот поради болки во коленото. Италијанските медиуми пренесуваат дека првичните лекарски прегледи покажале дека коленото е стабилно, но се чекаат прегледите со магнетна резонанца.
„Галинари е можеби најдобриот играч во историјата на италијанската кошарка. Ќе се молам за него. Со него ќе биде фаворити за освојување на Евробаскет, жал ми е. Овој турнир заслужува ваква ѕвезда да настапи“, изјави тренерот Поцеко.
Италија на шампионатот се најде во групата Ц заедно со Естонија, Грција, Украина, Хрватска и Велика Британија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

