Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен ќе ја пречека Словачка во вториот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година.
Бојан Крстевски е еден од најстандардните играчи во нашата сениорска селекција во изминатиот период. Дел е од тимот и во овој августовски циклус во кој тргнавме добро во втората фаза од претквалификациите. Со победа над Данска на гостински терен во Нествед.
„Заслужено победивме во Данска, беше еден тежок меч, на крај можеби заврши и среќно за нас со тој шут, но победивме сосема заслужено. Мора да го заборавиме тој меч, затоа што ако не го добиеме овој со Словачка, победата на натпревар нема ништо да ни значи. На терен мора сите да бидеме фокусирани и мотивирани, за да ја оствариме нашата цел. Словаците ни се добро познати затоа што со нив игравме двапати лани, можам да кажам дека горе-доле се во ист состав. Сите работи остануваат на нас“, изјави Крстевски.
Натпреварот кој ќе се игра во СРЦ „Кале“ е закажан со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА