Ерик тен Хаг конечно ќе го добие најпосакуваниот фудбалер што го бараше од управата на Манчестер јунајтед откако „црвените ѓаволи“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Ајакс за Бразилецот Антони.
Крилниот офанзивец од самиот почеток на преодниот рок се наоѓа на врвот на листата со желби на Тен Хаг, но Ајакс инсистираше дека овој фудбалер не е за продажба. На крајот, пресуди притисокот направен од самиот фудбалер, кој воопшто не тренираше со првата екипа и на последните средби не беше во комбинација за настап за Ајакс, по што управата на холандскиот првак попушти и седна на маса за преговори со Јунајтед.
Двата клуба постигнаа договор вкупната вредност на трансферот да изнесува 100 милиони евра, но останува уште да биде договорен видот на клаузулите и сумите поврзани со нив. Кај двете страни постои оптимизам дека тоа ќе биде средено во следните 24 часа, по што Антони ќе добие зелено светло да отпатува на лекарски прегледи и потпис во Манчестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

