Ајнтрахт Франкфурт стигна до победа од 3-4 на гостувањето кај Вердер Бремен во натпревар од 4. коло во германската Бундеслига.
Марио Геце уште во 2. минута донесе водство од 0-1 за тимот од Франкфурт. Домаќините брзо возвратија и со головите на Јунг во 14. и Битенкур во 17. брзо направија целосен пресврт 2-1. Сепак, до крајот на првиот дел гостите се вратија во водство со погодоците на Коло Муани во 32. и Линдстром во 39. минута. За издвојување од првиот дел е и поништениот гол за Ајнтрахт на Камада во 20. минута поради офсајд.
Второто полувреме ни донесе „само“ два погодока. Гостите преку Соу во 48. минута зголемија на 2-4, додека конечните 3-4 ги постави Фулкруг од пенал во 92.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

