Кошаркарската репрезентација на Норвешка стигна и до втората победа во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година. По воведниот триумф над Словаците, Норвежаните вечерва на домашен терен во „скандинавското дерби“ ја прегазија Данска со 99-75.
Домаќините фуриозно го стартуваа мечот постигнувајќи неверојатни 34 поени во првата четвртина по кои имаа предност од плус тринаесет (34-21). Вториот период помина во израмнета игра па на пауза резултатот на семафорот изнесуваше 57-44.
Во второто полувреме Норвежаните го дотолчија противникот за конечен триумф од 99-75. Фреј Харалд со 26 поени беше убедливо најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Љунберг заврши со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА