Минималец на Аталанта на гостувањето кај Верона (ВИДЕО)

Аталанта стигна до вториот триумф сезонава откако успеа да триумфира на секогаш тешкото гостување кај Верона со минимални 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 50. минута кога Копмејнерс го постигна победничкиот погодок за тимот од Бергамо.

Во вториот натпревар кој се играше денеска во терминот од 18.30 часот, Салернитана стигна до убедлив триумф на домашен терен против Сампдорија од 4-0. Стрелци на головите за домаќините беа Диа, Бонацоли, Вилхена и Ботејм.

 

 

 

 

Се вчитува...