Македонија стигна до втората победа во вториот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2025 откако на домашен терен славеше против Словачка. „Црвено-жолтите“ во поголемиот дел од мечот бркаа негатива, но успеаја двоцифрениот заостаток да го претворат во победа во последната четвртина пред се благодарение на одличната одбрана, но и расположените Ненад Димитијевиќ и Андреј Јакимовски.
Нашите репрезентативци ни на овој натпревар не ги служеше реализацијата за три поени, но ни тоа не го спречи Ненад Димитријевиќ одново да постигне луда тројка со огромно значење. Ако на дуелот против Данска тоа значеше победа, овој пат погодокот од речиси невозможна позиција ја врати енергијата на наша страна, а истата продолжи во целосен камбек значаен нови два бода.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА