Одбојкарската репрезентација на Македонија до 19 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство кое се одржува во нашата земја. По вчерашниот премиерен пораз од Финска денеска од нашите девојки беше подобра Словенија со максимални 3-0, по сетови 25-13, 25-20 и 25-14.
Како и во вчерашниот меч, така и денеска „црвено-жолтите“ како во грч го почнаа мечот и првиот сет го одиграа најлошо освојувајќи само 13 поени. Во вториот сет нашите девојки одиграа најдобро и стигнаа до 20 поени, додека во последниот Словенките ни дозволија само 14 поени.
Веќе утре Македонија ќе го одигра третиот натпревар на шампионатот каде за противник ќе ја имаме соодветната селекција на Грција која по првите две кола исто така има два порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА