Ашковски потпишува за грчкиот прволигаш Ламиа!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски е пред промоција во грчкиот прволигаш Ламиа.

Ашковски, денеска треба да ги мине лекарските прегледи, а во текот на утрешниот ден се очекува и официјалната негова промоција во дресот на грчкиот клуб.

Македонскиот фудбалер треба да потпише договор со Ламиа до јуни 2024 година, каде се сели од редовите на романскиот Сепси на инсистирање на Италијанецот Џанлука Феста кој е тренер на грчкиот прволигаш.

30-годишниот Ашковски претходно во својата кариера има настапи за српските Партизан, Доњи Срем, Нови Пазар и Напредак, норвешки Штромгодсет, турски Кајсери Ерчијеспор, Фортуна Ситард во Холандија, Горник Лехна во Полска, бугарската Славија Софија, тетовска Шкендија како и романскиот Ботошани.

Се вчитува...