Црвена Звезда успешно ги финишираше преговорите за трансферот на Калифу Кулибали, 31-годишен голгетер кој ќе има за задача во нападот на „црвено-белите“ да го наследи Милан Павков.
Интернационалецот од Мали доаѓа од таборот на францускиот прволигаш Нант, а со српскиот првак потпиша договор на една година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Кулибали на почетокот од кариерата беше дел од ПСЖ, но никогаш не се избори за првотимски статус, па три години мина настапувајќи за Б-тимот на „светците“. Потоа се пресели во Белгија, каде настапуваше за Шарлра и за Гент, а од 2017 година го носеше дресот на Нант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

