Медведев по кратка постапка го реши Козлов, победа и на Енди Мареј

Данил Медведев умешно ја почна одбраната на титулата на УС Опен, откако во својот меч од првото коло без поголеми проблеми го совлада Американецот Козлов со 3-0 во сетови.

Рускиот тенисер славеше со 6-2 во првиот сет, а во вториот сет Козлов парираше само до 4-4, по што првиот носител го доби сетот со конечни 6-4. Отпорот на американскиот тенисер беше скршен, па Медведев лесно го доби третиот и последен сет со убедливи 6-0.

Енди Мареј успешно го стартуваше настапот на овој гранслем турнир, триумфирајќи на премиерниот меч со 3-0 во сетови над Черундоло.

Се вчитува...