Македонија ЃП се засилува и со Александар Исаевски

Откако денеска го промовираа Ѓорѓи Стоилов како свое засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, во финишот на преодниот рок Македонија ЃП со уште едно ново име за продолжението од шампионатот.

„Лавовите“ постигнаа договор за ангажман на левокрилниот дефанзивец Александар Исаевски кој се очекува деновиве официјално да биде промовиран во дресот на тимот од Македонија ЃП.

27-годишниот Исаевски, всушност, е повратник во редовите на Македонија ЃП каде настапуваше во сезоната 2017/18 од каде се пресели во прилепска Победа. Потоа играше за Дунав од Бугарија, а последните две години беше дел од албанските прволигаш Влазнија и Динамо Тирана од каде сега ги засилува „лавовите“.

Се вчитува...