Младите одбојкарки со нов максимален пораз

Селекцијата на Македонија за одбојкарки до 19 години претрпе уште еден пораз на Европското првенство што се одржува во Скопје, овојпат од селекцијата на Грција со максимални 0-3 во сетови.

Нашите одбојкарки го загубија првиот сет со 17-25 а најдобар период во нивната игра беше стартот од вториот сет во кој поведоа со 9-5, но противничките се вратија и славеа со 19-25. Третиот сет повторно заврши со убедливи 17-25 за грчките одбојкарки.

Во последните две кола на овој Европски шампионат во Скопје, девојките до 19 години на Македонија ќе се судрат со фаворитките во групата Италија (31 август) и Полска (1 септември).

Се вчитува...