Секретарката за медиуми во Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави дека Новак Ѓоковиќ не е возможно да биде изедначен со мигрантите кои влегуваат во Соединетите Американски Држави.
Еден од новинарите на прес-конференцијата постави прашање кон Жан-Пјер велејќи дека не му е јасно како е возможно мигранти кои не се вакцинирани од целиот свет да влезат во САД, а тенисер од светска класа да не може да го направи тоа.
„Ѓоковиќ и мигрантите се две различни работи. Законите се концизни во нашата земја. Владата не може да одговара на прашања за индивидуални случаи и барања за виза. Поради зачувување на приватноста владата не може да ги коментира ниту медицинските информации за индивидуални патници, конкретно за овој тенисер“, изјави Жан-Пјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА