Шампионот во Мото ГП од 2020 година, Жоан Мир од следната сезона ќе биде совозач на Марк Маркез во Хонда, потврдија од јапонскиот тим.
Бидејќи Сузуки од следната сезона повторно го напушта шампионатот, очекувано беше 24-годишникот да ја промени средината и од следната сезона да биде во друг тим. Хонда го искористи тоа и успеа да го доведе во своите редови.
Сезонава јапонскиот производител имаше голем број на проблеми поради повредата на Марк Маркез, а Пол Еспаргаро не вози на ниво кое би го задоволило првиот човек на тимот Алберт Пуиг.
Договорот со Мир е потпишан на две години.
Honda Racing Corporation are proud to announce the signing of Joan Mir.
The 24-year-old will compete aboard the Honda RC213V in the Factory Team on a two-year contract alongside Marc Marquez.https://t.co/O6G2kFevQ8
— Repsol Honda Team (@HRC_MotoGP) August 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА