Македонија ЃП го промовираше Александар Исаевски

Александар Исаевски е нов фудбалер на Македонија ЃП. Согласно најавите од ЕКИПА, левиот бек денеска беше официјализиран во редовите на „лавовите“.

Тој е второ ново име во редовите на Македонија ЃП за два дена, откако вчера тимот го промовираше играчот од средниот ред Ѓорѓи Стоилов.

27-годишниот Исаевски, всушност, е повратник во редовите на Македонија ЃП каде настапуваше во сезоната 2017/18 од каде се пресели во прилепска Победа. Потоа играше за Дунав од Бугарија, а последните две години беше дел од албанските прволигаш Влазнија и Динамо Тирана од каде сега ги засилува „лавовите“.

Се вчитува...