Откако не смета на него, Фиорентина се реши да се ослободи од рускиот интернационалец Александар Кокорин кој што ќе продолжи во Кипар. Арис Лимасол ќе биде неговиот нов клуб, каде ќе оди на позајмица, а кипарскиот тим ќе има можност за откуп.
31-годишниот Кокорин важи за еден од најдобрите напаѓачи на Русија. Меѓутоа не успеа да се снајде во Фиорентина, каде на 10 меча не постигна гол.
„Виолетовите“ на почетокот на сезоната го донесоа Лука Јовиќ, па така за Кокорин немаше место во таборот на тимот од Серија „А“ и го праќа на позјмица. Изненадува фактот што ќе се сели во Кипар, првенство кое е далеку послабо од италијанското. Тој има договор со Фиорентина до 2024 година.
Во минатото играше и за Спартак Москва, Зенит, Динамо Москва, Анжи и Сочи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА