Македонија ЃП денеска на домашен терен го пречекува тимот на Работнички. „Ѓорчепетровци“ се подготвени да се вратат на победите, после поразот од Брегалница минатото коло од 1-0.
Домашниот голман Христијан Стевковски очекува интересен натпревар и победа на својот тим.
„Работнички според мене секогаш важела за една од подобрите екипи во македонската лига, и може да победи секого и секаде. Во моментов сме подготвени да се надигруваме со секого и очекувам интересен натпревар. Знам дека сите ќе го дадеме максимумот да дојдеме до победа над Работнички“, изјави Стевковски.
Се очекува денеска за Македонија ЃП да дебитира Ѓорѓи Стоилов, а не е познато дали на списокот ќе се најде и Александар Исаевски кој вчера беше промовиран во нов играч на „лавовите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА