Феникс 2010 продолжува со засилувањата за втората сезона во „елитата“ на македонската кошарка. По продолжување на договорите со неколку играчи од претходната сезона и ангажманот на Темелковски и Фалден нов играч на тимот е Демонте Бакингхам.
Дваесетипетгодишниот бек во македонското првенство доаѓа од НЦАА лигата и Универзитетот Гринсборо во Северна Каролина каде на 31 одигран натпревар претходната сезона оствари просек од 12.5 поени и 6.3 скока со кои беше најдобар поентер во својот тим, притоа постигнувајќи двоцифрен број на поени на 22 одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА