Германскиот возач, Мик Шумахер ќе мора да бара нов тим во Формула 1 шампионатот, бидејќи на крајот на сезоната нема да го продолжи договорот со екипата на Хас. Прв возач на Хас следната сезона ќе биде Данецот, Кевин Магнусен, додека втор возач би требало да биде Антонио Џовинаци.
Мик Шумахер нема да го продолжи договорот ниту со возачката академија на Ферари, а медиумиуте наведуваат на младиот германски возач му се намалуваат шансите за продолжување на кариерата во Ф1.
23-годишникот во „најбрзиот циркуз“ на светот, дебитираше минатата сезона во која не стигна до бодови, а годинава освои само 12.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА