Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг пред неколку дена бил нападнат од крадци во својот дом во Барселона. Четири вооружени машки лица упаднале во домот на Ганобецот и под закана на огнено оружје го претепале со метални шипки и го ограбиле.
Денеска стигнаа најновите вести околу ситуацијата на Обамејанг. Иако се чинеше дека нема повреди, сепак, габонскиот голгетер претрпел скршеница на вилицата, и поради тоа ќе биде надвор од строј барем три недели.
Во кражбата на Обамејанг му бил одемене накит и содржината во сефот кој го имал во својот дом. Ограбувачите заминале со бело Ауди, а некои информации велеа дека станува збор за државјани на Косово, но нема официјална потврда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА