Трансфер сагата за заминување на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед се чини дека заврши. Холандскиот стратег на клупата на „црвените ѓаволи“ на пресконференција потврди дека португалскиот ас ќе остане во клубот и оваа сезона.
Говорејќи за Роналдо, Тен Хаг вели дека на клубот му е потребен квалитет и тој дефинитивно ова лето нема да замине од „Олд Трафорд“.
„Кристијано Роналдо останува во Манчестер Јунајтед. Тоа е јасно. Потребни ни се квалитетни играчи“, изјави Тен Хаг.
Преискусниот 37-годишник ова лето со цел да настапи во Лигата на Шампионите беше понуден од страна на неговиот агент на колку европски великани, но истите го добија неговиот интерес. На крајот пресудно за желбата да остане се и новите трансфери во Манчестер Јунајтед со кои тимот се очекува да влезе во игра за висок пласман во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА