Фудбалскиот шампион на Италија, Милан има нови сопственици. Се работи за компанијата „Ред брд“, потврдија од клубот во средата.
Договорот траеше со месеци, но сепак на крајот успеаја да се договорат. „Ред брд“ за оваа зделка плати 1,2 милијарди евра.
„Во последните 123 години, Милан е синоним за највисоко ниво на фудбал. Од своето основање во 1988 година, Милан има освоено 19 титули во италијанскиот шампионат, седум титули во Лигата на шампионите (Куп на шампиони), седум титули во Суперкупот на Италија, пет титули во Купот на Италија, пет титули во Суперкупот на Европа, три Интерконтинентални купови, два Купа на победници на Европа. и една титула клупски светски шампион. Како нов сопственик на Милан, „Ред брд“ ќе продолжи да инвестира во сите важни области и ќе ги подобри спортските и комерцијалните интереси на клубот, надградувајќи се на крилата на минатогодишната титула. Искуството на „Ред брд“ во градењето спортски бизниси ќе се погрижи следното поглавје во историјата на Милан да биде изградено на сегашните успеси“, стои во соопштението.
RedBird Capital Partners completes acquisition of AC Milan ➡️ https://t.co/34kE6CVVnW
RedBird Capital Partners completa l’acquisizione di AC Milan ➡️ https://t.co/57FALTJvfa#SempreMilan pic.twitter.com/YTo6X5CvDq
— AC Milan (@acmilan) August 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА