Маркез повторно на мотор: Не можам да престанам да се смеам

Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез се врати на мотор, зголемувајќи ги шансите за учество на тестирањето пред големата награда на Сан Марино во Мизано следната недела.

Откако на почетокот на јуни се повлече од Мото ГП шампионатот како би направил опрација на рамото на десната рак. Маркез доби „зелено-светло“ за „засилување“ на тренинзите.

Осумкратниот светски шампион излезе на патеката на Арагон на моделот на Хонда „ЦБР600“.

„Денеска не можам да престанам да се смеам. По големиот труд повторно сум на мотоцикл. Ви благодарам на сите за поддршката“, изјави Маркез.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marc Márquez (@marcmarquez93)

Се вчитува...