Бернардо Силва се одлучи: Останувам во Манчестер Сити

Бернардо Силва ова лето беше поврзуван со премин од Манчестер Сити во Барселона, но на крајот до истиот нема да дојде, потврди самиот Португалец. Искусниот играч се одлучи да остане на добро познатото место и да му помогне на својот тим во битката за долгопосакуваниот трофеј во Лигата на Шампионите.

Говорејќи за каталонските медиуми напаѓачот изјави дека тој е среќен во средината и одлуката е конечна.

„Ќе останам во Манчестер Сити. Не добив друга понуда. Среќен сум тука и одлуката која ја донесов е конечна“, вели Силва.

Сега 28-годишникот е дел од „граѓаните“ од 2017 година. На нешто повеќе од 250 натпревари постигна 50 гола и 52 пати асистираше до своите соиграчи, а и одлично ја започна новата сезона во која го потврди своето место во почетниот состав со два гола и една асистенција.

Се вчитува...