Интересни факти кои треба да ги знаете пред почетокот на Евробаскетот

Европа на големо се подготвува за еден од најинтересните Евробаскети во историјата. Настапот на НБА ѕвездите како Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумпо привлекоа голем интерес за континенталниот собир кој започнува денеска со натпреварот помеѓу Шпанија и Бугарија.

Бранител на трофејот на 41-то издание на собирот на најдобрите европски репрезентации е Словенија, како најголем фаворит за освојување на златниот медал експертите ја гледаат Србија, додека Франција, Грција, Литванија и Турција од сенка ќе се обидат да бидат најпријатното изненадување на турнирот.

Интересно, не секогаш европските репрезентации стигале до златниот медал на едно првенство, а така беше во 1949 година кога на златниот медал се радуваа Еѓипјаните на домашен терен. На првенството на кој настапија само седум репрезетнации меѓу учесниците беа и Сирија и Либан. Сребрениот медал и припадна на Франција, а бронзениот на Грција.

Советскиот сојуз од 50-тите до 70-тите години на претходниот век доминираше на сцената со десет злани медали освоени на единаесет осовени првенства, а репрезентацијата од 1953 година го држи рекордот на најубедлив триумф славејќи против Данска со 118-14.

Најмногу постигнати поени на Европските првенства има Пау Гасол. Легендарниот Шпанец стигна до бројката од 1183 поени, а тој и легенарниот југословенски кошаркар Крешимир Чошиќ се единствените играчи со две МВП признанија во историјата на првенството. Meѓу легендите кои имаат свое место во историјата е и Гркот Никос Галис кој со просек од 31.2 поени по натпревар ја предводи листата на најуспешни реализтори.

Една од најголемите доминации на Евробаскетот изрази и Југославија која во 2001 година до финалето секој натпревар го доби со повеќе од десет поени разлика, а за златниот медал ја совлада Турција со девет поени.

Се вчитува...