Јосип Иличиќ повеќе не е член на Аталанта откако словенечкиот репрезентативец доби раскин на договорот со калчолигашот од Бергамо.
Иличиќ со години наназад важеше за клупска икона и миленик на навивачите, но кариерата почна да му се движи во надолна линија откако по појавата на коронавирусот и големиот број на починати лица во Бергамо, Словенецот падна во депресија и извесно време беше надвор од терените.
Словенечкиот напаѓач потоа се врати во тимот, но беше далеку од топ-форма, останувајќи дел од екипата се до вчерашниот раскин на договорите.
„Не е лесно да се најдат вистинските зборови по сите тие спомени што ги имаме заедно. Пет години среќа, фудбалска магија,но исто така и болка и тешки моменти. Ви благодарам на сите што ми ја дадовте поддршката и што секогаш бевте тука за мене. Благодарност до навивачите, луѓето во клубот, тренерот и соиграчите“, порача Иличиќ.
Impossibile racchiudere in un video tutto ciò che sei stato.
Grazie per questi e tanti altri splendidi ricordi, Jojo 💫It’s impossible to sum up all that you have been in a video.
Thank you for these and many other wonderful memories, Josip 🖤💙#GrazieJosip #GoAtalantaGo ⚫️🔵 pic.twitter.com/ORTDS7ZRz3— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) August 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА