Сегашниот спортски директор назначен за тренер на Шкупи

Гохан Бозкаја, сегашниот спортски директор на Шкупи, е назначен за нов тренер на екипата, по вчерашната оставка на Гоце Седлоски од клупата на чаирскиот тим. Бозкаја во минатото беше директор на младинските школи на Галатасарај и тренер на младинските селекции, а сега ќе го има и првиот сениорски предизвик како тренер.

Бозкаја во минатото настапувал во многу турски клубови, а дојде во Шкупи по препорака на претседателот Ајдин Олгун.

Инаку во комбинација покрај Бозкаја, беше и Серкан Горгец, екс тренер на младинскиот тим на Фенербахче, но првиот човек на клубот се реши тимот да го води Бозкаја, кој ќе дебитира на клупата во дуел против Брегалница идната недела.

Се вчитува...